Иран: Нашите нуклеарни права немаат никаква врска со Америка
Членот на Комитетот за национална безбедност на иранскиот парламент, Алаедин Боруџерди, изјави дека преговорите без прифаќање на условите на Иран се бесмислени, додавајќи дека Иран нема да се откаже од своите права во Ормускиот теснец, ниту за нуклеарните прашања.
Препорачано
„Другата страна мора да прифати некои принципи, во спротивно преговорите ќе бидат неплодни и залудни. Тие мора да се придржуваат до правилата на играта. Тие ни наметнаа војна, па затоа мора да признаат дека се агресори и да платат воени репарации“, рече Боруџерди во интервју за Mehr- пренесе Политика.
Како што вели, потребно е замрзнатите средства на Иран да бидат ослободени.
„Тие мора да прифатат дека замрзнатите средства на Иран ќе бидат вратени, бидејќи ова е јасна неправда кон нашиот народ. Санкциите исто така мора да се укинат. Прифаќањето на овие услови е задолжително. Ако преговараме, дури и ако преговорите траат две години, а резултатот е продолжување на угнетувањето на иранскиот народ, каква корист имаме од тоа?“, рече тој.
Боруџерди додаде дека другата страна мора да прифати дека Исламската Република Иран е владетел на Ормутскиот теснец и дека ова е дел од нејзиниот национален суверенитет.


