Ирак прими повредени Палестинци од Појасот Газа преку Египет

Ирак прими 27 ранети Палестинци од Појасот Газа на лекување во болниците во Багдад.

Министерството за здравство соопшти дека првата група ранети Палестинци од Газа пристигнала со ирачки воен авион на меѓународниот аеродром во Багдад преку Египет.

Групата од 27 ранети лица заедно со нивните роднини – главно жени, деца и постари лица – пристигнаа од Египет.

„Врз основа на директивите на ирачката влада и ирачкото Министерство за здравство, сите неопходни здравствени барања, без разлика дали е терапевтски или рехабилитациски третман, мора да се обезбедат преку институциите на Министерството за здравство, кои ги завршија подготовките за оваа цел“, порача портпаролот на Министерството за здравство, Саиф Бадер, во изјави за АП.

Амбулантите на ирачкото Министерство за здравство ги превезоа ранетите и нивните роднини во Медикал Сити Багдад, каде ќе им биде укажана лекарска помош.

Ирачката иницијатива да се обезбеди целосен медицински третман на ранетите во Газа доаѓа во време на влошување на здравствениот систем во Газа поради тековната војна.

ОН предупредија дека здравствениот систем на Газа е „на колена“, а илјадници луѓе чекаат да бидат евакуирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот