Ал-Кадими: Уапсен висок водач на џихадистичката група ИД и оперативец на Ал Каеда

Ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими / Фото: Архива

Ирачките власти соопштија дека висок водач на џихадистичката група Исламска држава и долгогодишен оперативец на Ал Каеда, Сами Јасим бил уапсен во прекугранична операција.

Веста ја објави на Твитер ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими, кој истакна дека тоа била една од најтешките прекугранични разузнавачки операции, спроведени од ирачките безбедносни сили.

Стејт департментот, во рамки на програмата Награди за правда, понуди пет милиони долари за „главата” на Јасим и го претстави како клучна фигура за управување со финансиите за операциите на ИД.

Додека бил заменик лидер на ИД во Мосул во 2014 година, Јасим, наводно, бил еквивалент на министер за финансии на ИД, кој ги надгледувал приходите од илегалната продажба на нафта, гас, антиквитети и природни ресурси.

Претставници на ирачките разузнавачки служби изјавија дека Јасим бил уапсен во друга земја и бил префрлен во Ирак пред неколку дена.

Јасим работел со водачот на Ал Каеда во Ирак, Абу Мусаб ал Заркави, јордански оперативец, кој беше убиен во американскиот воздушен напад во Ирак во 2006 година.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот