ИОК ја предупредува Македонија: Променете го законот или следува суспензија!

фото: МОК

Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) се закани дека ќе го суспендира Олимпискиот комитет на Македонија (МОК), доколку не го промени својот закон за спорт во рок од шест месеци, објави „Екипа”.

ИОК испрати ново писмо до Скопје, во кое ги повикува домашните институции да ја синхронизираат работата на спортските федерации со Олимписките игри инаку тие ќе бидат предмет на санкции, во најлош случај исфрлени од олимпиското движење.

Барањата на ИОК се однесуваат на Законот за спорт, кој, според мислењето на меѓународната институција, не обезбедува доволна автономија во функционирањето на домашните спортски федерации, односно да се овозможи ослободување од политичко мешање.

ИОК инсистира на средба со официјалните претставници на МОК и да се активираат сите можни државни институции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот