Интимна прослава: Се омажи Аријана Гранде

Instagram
Instagram

„Венчавката беше мала и интимна, имаше помалку од 20 луѓе. Двојката и нивните семејства не можеа да бидат посреќни“, изјавил за „People“ портпаролот на Аријана.

Пејачката Аријана Гранде се омажи за агентот за недвижнини, Далтон Гомез.

Минатата година Аријана го претстави своето ново момче Далтон Гомез во видеозаписот со Џастин Бибер за нивната дуетска песна „Stuck with U“, која ја снимија во карантин и неодамна ја објавија.

Видеото е особено интересно затоа што осум од бројните јавни личности вклучија свои обожаватели, а заработката од него е наменета за финансиска помош на децата на кои им е потребна.

Специјално изненадување се случи на крајот од видеото кога Аријана реши официјално да го претстави своето ново момче Далтон Гомез.

Покрај тоа, на видеото за дуетот на Аријана и Џастин се појавуваат и сопругата на Џастин, Хејли, потоа Кендал и Кајли Џенер, Деми Ловато со своето момче, Гвинет Палтроу, Лил Дики, Џејден Смит, Мајкл Бубле, Ештон Кучер и Мила Кунис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот