ИНТЕРВЈУ Оливер Спасовски: Ветинг во МВР за сите вработени!

фото: Слободен печат

Процесот на премин на кадрите од УБК во новата АНБ е завршен кредибилно и со тоа се согласија сите учесници во работната група, вели во интервју за „Слободен печат“, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Постоеја јасни критериуми врз основа на што се вршеше селекцијата. Оние кои ги исполнија критериумите преминаа во АНБ, оние кои не ги исполнија остануваат во МВР. Но, оние кои имаат негативни безбедносни проценки нема да можат да останат во МВР – посочува Спасовски:

Еден дел од процесот на ветинг е завршен со трансферот на службенниците од УБК во АНБ. Сега останува да се направи ветинг на оние кои од УБК остануваат во МВР, смета Спасовски.

– Но ние сметаме дека ветинг треба да се направи и за сите вработени во МВР. Затоа е формирана и работна група и тој процес ќе започне на почетокот на идната година – додава тој.

Целото интервју со министерот Оливер Спасовски погледнете го подолу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот