Африм Гаши / Конституивна седница во Собрание / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Интерпелацијата за Гаши е анти-НАТО експеримент, велат од „Вреди“

Според коалицијата „Вреди“, интерпелацијата за претседателот на Собранието е анти-НАТО експеримент и сметаат дека станува збор за предизвикување на политички земјотрес и ставање на тест на владиното мнозинство.

– Како и во секој политички експеримент, така и во интерпелацијата за Претседателот на Собранието, Африм Гаши, има неопходни елементи. Потребен е мотив како аеродромскиот инцидент. Потоа, координирано се креира хистерија во јавноста. На фанфари се бара политичка одговорност. Се прави конструкција со обезбедувањето на претседателот на Собранието. Левица е подносител на интерпелација, СДСМ е поддржувач, а ДУИ бара алиби за јавно да влезе во ова друштво и од страничен подбуцнувач да ја преземе улогата на политички координатор – стои во соопштението од „Вреди“.

Оттаму дополнуваат дека целта, како што велат, сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту на Охридскиот Рамковен договор.

– Што е целта? Сигурно не е одбрана на дипломатските односи со Косово, ниту Охридскиот Рамковен договор, туку целта е да се предизвика политички земјотрес. Зошто? За да се стави на тест владиното мнозинство и некој да провери дали опозицијата може да најде заеднички интерес да делува здружено – велат од „Вреди“.

Наведуваат дека пратениците на „Вреди“ се подготвени да ја бранат честа на албанскиот народ, стратешкото партнерство со САД и ЕУ-вредностите.

– Kлучната дилема е дали ДУИ до толку е исплашен од тоа што следи, што е подготвен да се координира и со Левица само да не се зборува за криминалот на нивните поранешни функционери? Доаѓа време за вистина – потенцираат од „Вреди“.

Пратеничката група на Левица во Парламентот поднесе интерпелација за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, поради тоа што „воведува непринципиелни политики во Собранието“. Одговорност од Гаши и негова смена побара и СДСМ.

Косовско МНР: Недостоинствен однос кон Османи на скопскиот аеродром

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот