Александар Станковиќ EPA/ANDREJ CUKIC

Интер и Реал Мадрид во битка за синот на Дејан Станковиќ

Реал Мадрид веќе работи на идните планови и го насочува вниманието кон подмладување на средниот ред, кој наскоро ќе доживее значајни промени.

Во фокусот на шпанскиот гигант се најде младиот српски репрезентативец Александар Станковиќ. Според информации на „Дефенса Сентрал“, скаутите на Реал внимателно го следат развојот на 20-годишниот играч, кој оваа сезона блеска во дресот на Клуб Бриж.

Сепак, во Мадрид се свесни дека трансферот нема да биде едноставен, бидејќи Интер има клучна улога во евентуалната трансакција. Италијанскиот клуб планира да го врати Станковиќ веќе наредното лето и располага со откупна клаузула од 23 милиони евра, што дополнително ја комплицира ситуацијата за сите заинтересирани страни.

Покрај Реал, интерес за младата ѕвезда од средниот ред покажуваат и Арсенал и Тотенхем, но според актуелните информации, најреална опција е Станковиќ да се врати во Серија А и да ја продолжи кариерата во Италија.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот