Интегритетот е бесценет, но сè поредок, вели Костова од СДСМ за потегот на Ралев
По одлуката на професорот и архитект Мишко Ралев да му се приклучи на тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, со реакција на Фејсбук се огласи потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова.
Препорачано
„Личниот и професионален интегритет и достоинство се бесценети, но, за жал, сѐ поретки во нашето опкружување“, напиша Костова, алудирајќи на потегот на Ралев, кој беше меѓу главните претенденти да биде кандидат за градоначалник на Скопје од СДСМ.
Костова нагласува дека „ќе нѐ биде кога себичноста и егото нема да ја совладаат колективната благосостојба и напредок“, алудирајќи на потребата за колективна одговорност и вредносна доследност. Таа ги осуди, како што ги нарече, „каприциозните мегаломански очекувања“ на поединци, кои, според неа, ги прегазуваат човечките и професионалните принципи.
„Добро е што однапред се потврдува исправноста на нашите одлуки. Ставовите и позициите се кристализирани“, додава Костова, алудирајќи дека преминот на Ралев само ја зацврстува одлуката на СДСМ да настапи со Каја Шукова како кандидатка за Скопје.
На крајот од својот коментар, таа упати јасен повик: „Редно е чесните, искрени и добри намери да се обединат во рационално дејствување против оние кои недвосмислено ни го разнебитуваат општеството.“
Следете на Facebook


