Институт за Македонски јазик - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Институт за Македонски јазик - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Институтот за македонски јазик реагира на предложените измени во Законот за високо образование

Институтит за македонски јазик доставил забелешки за предложените измени во Законот за високо образование, кои биле утврдени на состанок на неговиот научен кадар. Директорката Елена Јованова-Грујовска изјави дека побарале да нема интервенција откако министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека треба да се затворат дел од студиските програми на кои се запишани двајца до петмина студенти.

-Во ера на глобализација многу е битно да останат студиите од прв, втор и трет циклус на македонски јазик, затоа што ако во Македонија не се изучуваат, каде да бараме да се изучуваат на друго место. Потоа побаравме изедначување на критериумите за одење во следните звања. Институтот вработи солиден број кадар во минтатите четири години и сега треба да им се овозможи релаксирано да докторираат и да го добијат првото звање. Изедначувањето го побаравме затоа што за сите останати преку едно звање почнува да им важи новиот закон. Ние посакавме и за нашите млади соработници да важи, конкретно од вонреден професор или од виш научен соработник да важи, изјави Јованова-Грујовска.

Како и нивните колеги од Институтот за македонска литература, рече таа, побарале да се вреднуваат и нашите списанија кога се работи за критериумот за објавување трудови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот