Институтот за јавно здравје почна да ја бара делта плус варијантата во Македонија

EPA EFE
Тестирање за коронавирус, Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Институтот за јавно здравје почна да испитува дали во земјава е пристигната делта плус варијантата на коронавирусот, информира за „Слободен печат“ директорот на ИЈЗ Шабан Мемети.

Брисевите се испитуваат на повеќе локации, меѓутоа досега не е детектиран ниеден заразен со оваа варијанта во земјава. Делта плус варијантата е агресивна и заразна и претставува главна главоболка на здравствените власти во западноевропските земји. Според епидемиолозите, најризична е младата популација бидејќи е најслабо вакцинирана.

Симптомите се кашлица, главоболка, температура, суви очи, проблеми со дишењето, немање апетит и проблеми со стомакот.

Сè за делта плус видот на коронавирусот што му се заканува на Европа: Тешко е да се препознае по неговите симптоми

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот