Фото: МИА

Институциите ќе комуницирале „без потреба од хартиена документација“, најавува министерот Андоновски

Министерот за дигитална трансформација, во гостување во емисијата „Ноќно студио“ на „4ТВ“, рече дека државата активно работи на „централизирано и безбедно поврзување на институциите преку платформата за интероперабилност, со цел побрза размена на податоци и поефикасни административни процеси“.

Тој објасни дека идејата е институциите да комуницираат меѓу себе „без потреба од хартиена документација и долги процедури“. Како пример го посочи процесирањето на сообраќајните прекршоци, каде податоците би се разменувале помеѓу полицијата, УЈП, судовите и обвинителството преку синхронизиран дигитален систем.

„Да не оди сè на хартија, па да има доцнење во обработката на тие податоци“, нагласи Андоновски.

Министерот посочи дека платформата за интероперабилност е „еден од најиновативните дигитални системи во државата“.

Според него, за разлика од некои европски земји кои користат централизирани „Data Lake“ системи, македонскиот модел функционирал како „дигитален автопат“ на кој секоја институција може да се приклучи и безбедно да споделува податоци без целосно да ги отстапува своите бази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот