Иницијатива против урбано дивеење: Не сакаме облакодери во Ѓорче Петров

Граѓаните од Ѓорче Петров организирани во Иницијативата против урбанистичкото дивеење бараат ревидирање на донесените ДУП-ови, во кои се предвидува градење на згради од по 10 и 20 ката.

-Не сакаме облакодери во Ѓорче Петров. Во Дексион ќе се гради седумнаесеткатница, во Хром 100 згради, а во ДУП СЗ 16 предвидени се 10-катници и 20-катници  спроти пазарот во Ѓорче, на паркингот и покрај кружниот тек, дијагонално од Порта Влае. Притоа не се води сметка за инфраструктура, за паркинг места и зеленило. Јавните анкети за плановите се нетранспарентни. Еве за последниов, јавната анкета се спроведувала од 19 ноември до 12 декември и не е поднесена ниедна претставка од граѓаните, затоа што не знаеле дека се спроведува – велат од Иницијативата за „Слободен печат“.

Оттаму додаваат дека спорните згради уште не се започнати со градење, но ДУП-овите се донесени, што значи дека ќе се даваат градежни дозволи.

-Доколку се изградат зградите дури тогаш ќе се соочиме со навистина реални проблеми, но тогаш враќање нема – тврдат од Иницијативата.

Тие велат дека многупати поднеле претставки  во Општина Ѓорче Петров и барале ревидирање на плановите, но оттаму  немало ниту одговор ниту некаква реакција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот