Иницијативата „Донирај копјутер“ ја менува сликата за дигитална инклузија во земјава

ФОТО, Фејсбук : Донирај компјутер

Проблематичната дигитална инклузија во земјава и се поголемиот број на случаи со деца кои немаат пристап до компјутери особено се почувствува за време на Ковид-19 пандемијата и потребата за онлајн настава. Повеќе истражувања на оваа тема во земјава говорат дека скоро секој седми ученик во Македонија нема пристап до електронски уред, односно компјутер, смартфон или пак таблет, со што анализите покажуваат дека бројката достигнува и до 40,000 ученици кои не се во можност да следат ваква настава.

Токму темата околу недостатокот на компјутери и за тоа како да се надмине овој проблем беше препознаена од иницијативата „Донирај компјутер“, покрената од страна на ИТ специјалистот Борче Стаменов. Имено истражувањето на “Creative Voice“, има за цел го реши овој проблем кој се фокусира на низа социјални проблеми во државата.

“Сакаме да оставиме белег дека никогаш не треба да се чека од државата, дека некои групи на луѓе го немаат тој луксуз да чекаат особено кога се работи за квалитетно образование за децата. Секоја донација на компјутер ние ја гледаме како уште едно семејство кое нема да заврши со апликација за социјална помош кога детето во него ќе порасне, туку ќе биде продуктивно семејство, семејство кое ќе придонесува во државата, наместо да се бори да приживее. Заради тоа се што сме создале било со намера да се зголеми бројот на донации, и тука успеваме“, вели Стаменов.

Тој додава дека иницијативата е скромен проект во споредба за се она што го прави тој децата во земјава да добиваат компјутери се со цел полесно да го совладуваат образованието.

– Доколку сите вакви проекти би биле успешни и би си ја бркале работата како што тоа го прави “Донирај компјутер“ мислам дека не би имале проблем во ниедна општествена сфера и пристап до било што, бидејќи постојат мал милион иницијативи меѓутоа прашањето е колку истите функционираат“, објаснува самохрана мајка Мими Стојановска, која што преку иницијативата на Стаменов доби монитор и останата компјутерска опрема.

Според Стаменов, следните планови на “Донирај компјутер“ вклучуваат и отворање на тренинг центри, работилници и компјутерски лаборатории каде што и стари и млади ќе се обучуваат за работа на компјутер низ цела Македонија.

“Ни требаа 6 години да стигнеме до 1,700 компјутера, а има уште 38,000 што чекаат. Прво тоа ќе го завршиме, развивавме стратегии за самоодржливост за да преживееме и сами да можеме да продолжиме со нашата мисија. Регионално ќе ги шириме нашите искуства и начин на работа, за да се прошири насекаде каде што може, а верувам дека ќе се рашири,“ порачува Стаменов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот