Индонезија: Нова вулканска ерупција на островот Флорес, тревога на максимално ниво
Вулканот Левотоби Лаки-Лаки на островот Флорес во источна Индонезија влезе во нова фаза на експлозивна активност, со повторени ерупции од синоќа, што ги натера властите да го подигнат нивото на тревога на највисок степен, додека вулканската пепел достигна 10 километри, објави Ал Џезира.
Препорачано
Најсилната ерупција на вулканот, со кратер висок 1.584 метри, се случи денес во 01:35 часот по локално време) испраќајќи вулканска пепел и гасови до десет километри висина, се вели во соопштението на индонезискиот вулканолошки институт. Претходно вчера, првата ерупција испрати вулканска пепел на 9 километри висина од кратерот.
Агенцијата вчера го зголеми нивото на тревога на четири степени според индонезиската скала, што е највисокото ниво.
Директорот Мухамед Вафид им советуваше на жителите и туристите да останат на најмалку 6 километри од кратерот, предупредувајќи на ризикот од поплави од калливи наноси или вулкански ерупции доколку се случат дождови.
An eruption of Mount Lewotobi Laki-laki occurred on Tuesday, October 14, 2025, at 23:37 WITA. The eruption column was observed reaching approximately 9,000 meters above the summit (about 10,584 meters above sea level). pic.twitter.com/rXD6tacSeO
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) October 14, 2025
Тој, исто така, рече дека пепелта може да предизвика проблеми во работењето на аеродромите и да ги принуди властите да ги променат плановите за летови.
Летовите веќе се откажани на аеродромот Момере, на 60 километри од вулканот, кој главно опслужува домашни летови.
Вулканот веќе влезе во фаза на експлозивна активност во јули, кога импресивен столб од пепел се искачи дури 18 километри и доведе до откажување на околу дваесет летови до островот Бали, околу 800 километри западно од таму.
Лаки-Лаки („човек“ на индонезиски) е поврзан со друг вулкан, каде што активноста е помалку интензивна, со поголема надморска височина (1.703 метри), Парабуан („жена“).
На огромниот индонезиски архипелаг се забележува честа и интензивна вулканска и сеизмичка активност, поради неговата географска локација, бидејќи се наоѓа над таканаречениот „огнен прстен“ во Тихиот Океан, зона каде што се сечат тектонските плочи.


