Фото: илустрација / Фејсбук / Мој Београд

Инцидент во Чашка: Тројца прилепчани пукале од кола и бегале од полиција, имале многу оружје и муниција

Вистинска драма се случувала во неделата утрото во Чашка. Полицијата затекнала тројца вооружени прилепчани кај местото викано Црници, при што едниот почнал да пука кон полицијата и потоа сите избегале. Подоцна биле фатени и уапсени, а кај нив било најдено оружје и муниција.

„На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници“ во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп. При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива“ со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено оружје, по што се оддалечиле од местото“ соопшти МВР.

При извршен преглед од И.Т. биле одземени малокалибарска пушка „брно“, 14 неиспукани куршуми и три чаури од малокалибарско оружје, 14 куршуми карабинска муниција и три чаури и куршуми калибар 12 мм од ловечка пушка без соодветна документација, детектори и други предмети. Додека, од Б.Н. биле одземени пиштол „застава“, рамка со седум куршуми калибар 9 мм без соодветна документација и останати предмети.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот