Снуп Дог / Фото: Profimedia

Инцидент на ЗОИ во Милано: Обезбедувањето на Снуп Дог се судри со поранешната шампионка во брзо лизгање Маријана Тимер

Инцидент го одбележа тековното издание на Зимски олимписки игри Милано 2026, откако поранешната холандска олимписка шампионка во брзо лизгање, Маријана Тимер, обвини членови на обезбедувањето на американскиот рапер Снуп Дог дека физички ја оттурнале за време на настан во арената за брзо лизгање.

Според нејзините тврдења, инцидентот се случил во средата, по трката на 1.000 метри, во момент кога раперот го напуштал објектот придружуван од своето обезбедување, објави „Дејли мејл“.

Тимер изјави дека чекала да интервјуира спортисти кога еден од телохранителите ја оттурнал поблиску до ѕидот.

„Стоев покрај ѕидот, а еден од чуварите дополнително ме притисна. Му реков да се однесува нормално, ходникот е многу широк. Се врати и го прашав дали треба да поминам низ ѕид“, изјави Тимер за холандскиот портал „Спорт њус“.

Таа додаде дека истиот чувар повторно се вратил и, според нејзините зборови, продолжил со агресивно однесување. Тимер потенцираше дека чекала спортисти за интервју, а не американскиот музичар.

Маријана Тимер / Фото: Profimedia

Поранешната шампионка наведе дека за време на Игрите забележала и други ситуации во кои обезбедувањето на раперот, според неа, реагирало грубо кон присутните.

Снуп Дог (54) престојува во Милано во улога на почесен тренер на репрезентацијата на Соединетите Американски Држави, со задача да ги поддржува и промовира американските спортисти надвор од борилиштата.

За време на својот престој тој учествувал во промотивни активности, присуствувал на натпревари и ја носел олимписката бакла. Паралелно со тоа, соработува со американската телевизиска мрежа Ен-би-си како коментатор и специјален известувач, улога што ја имаше и на Летни олимписки игри Париз 2024.

Организаторите на Игрите и претставниците на Снуп Дог засега не се огласија официјално во врска со наводите за инцидентот.

Москино и Снуп Дог создадоа лимитирана колекција за ЗОИ 2026

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот