Имаат милиони, но се плашат од магии: Мадона „се штити“ со црвен конец, а Стивен Тајлер со заб од ракун!

Profimedia
Profimedia

Додека многу од светските ѕвезди поседуваат милиони и имаат сè што сакаат, сепак има работи од кои се плашат. Постојат суеверни актери и пејачи кои секогаш носат со себе предмети што ги штитат од лоша енергија или им носат среќа.

Актерката и добитничка на Оскар Одри Хепберн имала фигурина зајак кој и носел среќа.

Profimedia
Profimedia

Хелен Мирен (75), исто така добитничка на Оскар, секојпат носела ист пар чевли на доделувањето на наградите.

Profimedia
Profimedia

Хајди Клум (47) носи торбичка со нејзиниот млечен заб како амајлија.

Instagram
Instagram

Порториканскиот актер Бенисио дел Торо (53) има необична навика. Со себе носи дрвен прстен за да може да „тропне на дрвото“ кога ќе биде потребно.

Музичарот Стивен Тајлер (72), кој е познат по остриот и рапав глас, има чудна амајлија. Носи ѓердан со заб околу вратот и тоа од ракун. Кога бил дете, фатил ракун чиј заб го штити денес.

Profimedia
Profimedia

Американската пејачка Мадона (Мадона, 62) носи црвена врвка околу раката за која верува дека „ја чува од зло“.

Instagram

Црвен конец врзан на зглобот на раката носат и многу други ѕвезди, како што се Линдзи Лохан (34), Ријана (32), Ештон Качер (42), Бритни Спирс (39), Парис Хилтон (39) , а црвен конец носеше и Мајкл Џексон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот