Има сопруга и три деца, а страсно се бакнуваше со соработничката – британскиот министер поднесе оставка

 Британскиот министер за здравство Мет Хенкок денеска поднесе оставка, откако во јавноста протекоа фотографии на кои тој се бакнува со соработничка во ходник. Јавноста посебно го критикуваше дека со бакнежот не само што ја изневерувал сопругата, туку ги прекршил анти-ковид правилата за физичко растојание, неопходни за борба против пандемијата на Ковид-19.

Ханкок за оставката денеска го известил и премиерот Борис Џонсон. Во образложението за својата оставка, Ханкок изјави дека е негова должност да им признае на сите луѓе, кои толку многу жртвуваа за време на пандемијата, дека ги изневерил.

Претходно беше фатен од камерата за надзор во моментот кога страсно се бакнуваше со неговата асистентка, додека неговата рака беше под нејзината половина. Жената на видеото е Џин Коледејнџело, која започнала да работи како негова советничка во март минатата година.

Фото: Twitter/Screenshot

Бакнежот наводно се случил во ходникот пред неговата канцеларија во седиштето на Министерството за здравство во Лондон, во мај годинава, на денот на локалните избори во Велика Британија.

Според британските медиуми, Ханкок прво проверил дали ходникот е „чист” пред да ја затвори вратата од канцеларијата, потпирајќи се на неа за некој да не ја отвори случајно. „Сан”, кој прв објави видео од канцеларијата на Ханкок, тврди дека сите вработени знаеле за неговата афера со соработничката.

Досегашниот министер е во брак 15 години и има три деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот