фото: Фејсбук

Им го вратил ѓубрето на адреса во Осиек: Сопственик на нива бил „внимателен“ кон гостите

Во српската општина Биље кај Осиек, сопственик на нива направи невообичаена работа, откако на општинската страница на Фејсбук ги објави ќесите со ѓубре кои гости ги оставиле на неговата нива.

„Синоќа или повторно утрово, еден од нашите гости го заборави/изгуби ѓубрето во едно од полињата до кои се пристапува од улицата Примоштенска. Не станува збор за гостите кои правеле скара и ја фрлиле амбалажата со месо, туку за 4 големи црни кеси, со содржина стара до еден месец. Сериозна загуба. Бидејќи е празник и долг викенд, а сите знаеме колку е тажно да се изгубат работи и какви проблеми може да предизвика, решив да се обидам да им помогнам на несреќниците“, пишува сопственикот на нивата ..

Тој вели дека не му требало многу време да ја пребара содржината за да ги утврдат сопствениците, кои, според него, вообичаено живеат во Осиек.

„Нивниот имот беше вратен на нивната адреса. Драго ми е што можев да помогнам, и вака им велам на сите наши гости и соседи кои често го губат своето ѓубре… ќе ја вратиме секоја кеса на вашата адреса, не грижете се“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот