Им го расипавме „филмот“ на СДСМ и ДУИ, уверен е Арјанит Хоџа

Арјанит Хоџа
Арјанит Хоџа, министер за земјоделство и шумарство/ Фото: „Слободен печат“/Драган Митрески

Генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа, вечерва гостуваше на ТВ21, каде изјави дека неговата партија им ги „расипала сите математики“ на СДСМ и ДУИ.

„Мене ми е добро што им го расипавме филмот на коалиционите партнери. Сега се враќам во ретроспектива што всушност се случи. Една поговорна вели „што има во домот, кажуваат децата“. Во вашите дебатни емисии, тука кај Вас, Мендух Тачи истакна дека коалиционите партнери ја гледаат Беса во иднината. Се сеќавате кога тој кажуваше дека Беса ќе излезе од Влада, нема да победи во Тетово и дека Алтернатива ќе не замени? Ова се зборови на Мендух Тачи“, посочи Хоџа.

Тој додава дека многу му е драго што „им го расипале филмот“ на Мендух Тачи, Али Ахмети и Зоран Заев.

„Ова бидејќи филмот не беше нешто ново, надвор од сценариото што им се случи на Алијанса за Албанците во 2017-та“, рече Хоџа.

На прашањето дали Артан Груби бил тој што „ја избркал“ Беса од Владата, Хоџа одговори дека Груби немал таква сила.

„Артан Груби нема сила да нѐ избрка од Влада. Движењето Беса им ги расипа сите математики и на Артан Груби, и на ДУИ, и на СДСМ“, рече Хоџа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот