Илон Маск доби тужба од поранешната девојка со која има три деца

Илон Маск и Грајмс на црвениот тепих на Мет гала во 2018 година / Фото: Profimedia

Американскиот претприемач Илон Маск (52) доби тужба од неговата поранешна партнерка Клер Елис Буше (35), попозната како Грајмс. Инаку, музичарката го тужи милијардерот поради родителските права над нивните три деца, објави „Пејџ сикс“.

Таа поднела барање за утврдување на родителскиот однос во Судот во Калифорнија, САД. Станува збор за молба за утврдување на законските родители на детето, кога тие не се во брачен однос. Исто така, канадската ѕвезда допрва треба да побара алиментација или старателство.

Оваа тужба доаѓа неколку недели откако Грајмс јавно го замоли Маск да се види со нејзиниот син.

Фото: Профимедиа

Како потсетување, Илон Маск и Грајмс ја започнаа љубовната врска во мај 2018 година, а првото јавно појавување го имаа на црвениот тепих на Мет гала истиот месец.

По кратката разделба, двојката ја обнови врската и во јануари 2020 година тие објавија дека музичарката е бремена. За време на нивната врска тие добија две деца – синот „X Æ A-Xii“ во мај 2020 година и ќерката Екса Дарк Сидаераел во декември 2021.

Тие повторно раскинаа во септември 2021 година, но останаа во коректен и близок однос.

Неодамна излезе новата биографија на Маск, во која авторот Волтер Ајзаксон откри дека милијардерот има трето, тајно дете со Грајмс, синот Техно Механикус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот