Илјадници нови електрични такси пристигнуваат на патиштата низ ЕУ: „Убер“ започна нова соработка
Американската дигитална компанија за транспорт и услуги за испорака, „Убер“ и кинескиот производител на автомобили БИД во средата објавија повеќегодишно партнерство кое треба да донесе 100 илјади нови електрични возила на патиштата во Европа, а потоа и во Латинска Америка. Првата фаза е европска и латиноамериканска.
Препорачано
Партнерството треба да им гарантира на возачите на „Убер“ пристапни цени и финансирање на возилата на БИД, објави Хина. По првата европска и латиноамериканска фаза, треба да се вклучат Блискиот Исток, Канада, Австралија и Нов Зеланд.
За поддршка на транзицијата кон електрични возила, „Убер“ и БИД ќе им понудат на возачите попусти за одржување на возилата, полнење на батериите, финансирање и лизинг, во зависност од пазарот.
„Кога возачот на „Убер“ ќе се префрли на електрично возило, неговите перформанси за емисиите може да бидат до четири пати подобри од оние на „обичен“ возач, едноставно затоа што повеќе се на пат“, рече извршниот директор на „Убер“, Дара Косрошахи. Компаниите додадоа дека ќе работат заедно за да ги вградат возилата на БИД и неговата технологија за самоуправување во транспортната платформа на „Убер“.


