„Илирида“ воскреснува: Ќе станува партија која ќе се бори за втор парламент и за федерализација на Македонија

Да се потврди желбата на Албанците што беше изразена на Референдумот од 1992 година беше целта на Дебатата за „Република Илирида – фундаментално решение за функционирање на еднаквоста во РCM“ одржана минатата недела во Тетово, пренесе телевизија Клан.

– Да се смени положбата и статусот на Албанците во РСМ, бидејќи сме население со компактно ширење и голем демографски број. Со меѓународните норми, Повелбата на ОН и документите на Хелсинки ни следува да имаме автономно управување и Албанците да имаат Република Илирида што е израз на волјата на албанските граѓани, изјавил Неџат Беџети – преседател на Движењето Илирида.

Од Движењето „Илирида“ соопштиле дека веќе се прават последните подготовки за да се регистрират како политичка партија за учество на изборите. Доколку победат на изборите, како што велат, ќе го формираат и Парламентот на Илирида.

– Во фаза сме на подготовки за да се регистрираме како политичка партија и да учествуваме во изборите. Во изборната кампања, ќе го промовираме барањето за федерализација на државата и доколку ги освоиме гласовите на граѓаните, автоматски ќе го формираме Парламентот на Илирида, кој ќе функционира како Втора Република во рамките на РСМ, изјавиле од Движењето Илирида.

Според Движењето „Илирида“, мизерната состојба во која се наоѓаат Албанците денес може да се надмине само со воспоставувањето на Република Илирида како втор столб во државата.

Меѓу учесниците на дебатата биле и Невзат Халили и Милаим Фејзиу, иницијатори на референдумот од 1992 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот