Илиевски: Картичка за пензионерите со најниски пензии за 30 % поевтини леб, бели печива и млеко

Фото: ТВ Тера / принтскрин

Кандидатот за пратеник на СДСМ и Коалицијата, Методија Илиевски денеска беше во посета на Здружението на пензионери во Битола.

Тој на средбата со пензионерите им ја презентираше програмата во делот кој се однесува  нив.

„30.000 денари просечна пензија, 20.000 денари минимална пензија, новогодишен пакет од 100 евра секоја Нова година, 1.500 денари од октомври до март за пензионери кои живеат сами, зимски регрес од 3000 до 6000 денари, како и картичка за пензионерите со најниски пензии за 30 % поевтини леб, бели печива, млеко. Со СДСМ пензиите никогаш не доцнат туку се исплаќаат на секој први во месецот. Со СДСМ пензионерите добиваат редовно покачување на пензиите! Со СДСМ пензиите и натаму ќе растат, а пензионерите достоинствено ќе живеат“ рече Илиевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот