Амбуланта , шалтер , болни луѓе - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Амбуланта , шалтер , болни луѓе - Фото Слободен печат - Методи Здравев

ИЈЗ ќе препорача подолг зимски распуст ако грипот продолжи да се шири

Пикот на грипот се очекува во втората половина на јануари и првата половина на февруари. Со враќањето на децата во училиште очекуваме дека бројот на заболени од грип може да биде зголемен. Пријавената инциденца е над неделната граница на средна активност на вирусот на грип на национално ниво. Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) ја следи состојбата и доколку е потребно, ќе дадеме препорака да се донесе мерка со која можеби би се пролонгирал почетокот на второто полугодие од учебната година, изјави директорката на Институтот, Марија Андоновска.

Во период од 29 декември и 4 јануари регистрирани се 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела кога бројот на пријавени лица бил 771. Бројот на пријавени лица оваа недела во споредба со истата недела минатата сезона, кога бројот бил 331, е зголемен 5,2 пати, а во споредба со истата недела во последните 15 сезони, зголемувањето е 38,7 проценти.

– Во однос на возрасната дистрибуција, 749 лица се на возраст меѓу 15 и 64 години, 618 се деца на возраст од пет до 14 години, 229 се деца на возраст до четири години и 129 се лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца е регистрирана кај деца на возраст од пет до 14 години – рече д-р Андоновска.

Грипосани деца и млади ги исполнија речиси сите кревети во „Козле“, хоспитализирани се и доенчиња

Според податоците на Институтот за јавно здравје, најмногу пријавени случаи на грип има во Скопје, а потоа следуваат градовите Тетово, Велес, Гостивар и Куманово.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот