Игор Гиевски е главен осомничен во истрагата за земјиштето во Делчево, продадено на ЕВН за 1,5 милион евра

Игор Гиевски / фото: Стопанска комора на С. Македонија

Игор Гиевски, управител на „ЕВН Македонија Електрани“ е главниот осомничен во истрагата за ЕВН поради која минатата недела се правеа претреси по домови на лица во Скопје и Делчево, пишува „А1он“.

Се работи за сомнителна продажба на земјоделско земјиште во Делчево, а во истрагата во оваа фаза се вклучени неколку државни институции. Според информациите на порталот, Гиевски заедно со уште петмина, од кои двајца се вработени во ЕВН, за сума од 1,5 милиони евра на компанијата ѝ продале земјиште кое прикажале дека го добиле како подарок.

Оваа купопродажна зделка ја истражуваат повеќе државни институции, во голема истрага поврзана со нелегално финансирање на политички партии. Обвинителството започнува и со вештачење на одземените уреди, по претресите направени изминатите денови.

„Не би коментирал сега ништо“, рече Гиевски на прашањето од „А1он“ дали и кај него е направен претрес, по што додаде: „Немаме никаква информација.

„За сѐ друго што ве интересира имаме официјален портпарол. Нема таква информација, сѐ што е дојдено е преку фирмата, така што немам што да ви додадам“, вели Гиевски на прашањето дали против него се води некаква постапка.

Тој не сака да коментира за тоа дали има поврзаност со земјиштето кое е предмет на скапа продажба во Делчево.

Од ЕВН за „А1он“ потврдуваат дека има истрага за набавките на земјиштето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот