Igor Idze Stefanovski/FB

Иџе одличен во Котор, победи на трка во конкуренција на 134 возачи

Најтрофејниот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе продолжува да реди успеси и на меѓународната сцена, откако триумфираше на ридско-брзинската трка во Котор, која важи за една од најатрактивните во регионот.

Во паузата меѓу настапите во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки, Стефановски ја прифати поканата на организаторите и уште еднаш ја потврди својата доминација, освојувајќи го првото место во силна конкуренција од 134 натпреварувачи.

Трката беше во организација на Автомобилскиот и картинг сојуз на Црна Гора и АМСК Котор, а има посебна тежина бидејќи носи бодови за повеќе натпреварувања, меѓу кои шампионатот на Црна Гора, првенството на Хрватска, како и Адриатик и Котор куповите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот