Иднината на Меси е во ПСЖ

epa09002336 FC Barcelona's Lionel Messi reacts during the Spanish King's Cup semi final, first leg soccer match between Sevilla FC and FC Barcelona at Ramon Sanchez Pizjuan stadium in Seville, Spain, 10 February 2021. EPA-EFE/Julio Munoz

Легендарниот фудбалер на Барселона од 1990-тите години, Ривалдо е убеден дека Лионел Меси го одигра својот последен натпревар на „Камп Ноу“ како играч на каталонскиот тим во Лигата на шампионите.
Барселона се наоѓа пред елиминација во ЛШ откако во првиот осминафинален натпревар на „Камп Ноу“ загуби со 1:4 од ПСЖ.

Договорот на Меси истекува на крајот од сезоната и доколку за помалку од три недели не се случи чудо, можно е Аргентинецот повеќе да не игра во Лигата на шампионите како член на Барселона. Клупската легенда Ривалдо, смета дека дека Меси сигурно на лето ќе си замине од Барселона.
– Лионел Меси го одигра последниот наптревар за Барселона на „Камп Ноу“ во Лигата на шампионите. На лето ќе се пресели во Франција, неговата иднина е во ПСЖ кој ќе му овозможи и понатаму да освојува трофеи – вели Ривалдо.

Бразилецот вели дека сака и во иднина да го гледа Меси во дресот на Барселона, но во исто време ја разбира желбата на Аргентинецот да си замине во моментите кога клубот не е конкурент за трофеите.
Барселона во овие моменти не може да би даде надеж на Меси да се бори за најголемите трофеи – смета Ривалдо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот