Иднината на авионскиот превоз: Седишта за стоење

принтскрин/youtube

Седиштата за стоење во авионите наскоро би можеле да станат реалност бидејќи на Aircraft Interiors Expo во Хамбург е претставен новиот тип седишта за авиони.

Со оглед на тоа како изгледаат, тешко можат да се наречат седишта.

Ако се возите во водечките светски авиокомпании и понатаму ќе летате возејќи се во своите удобни седишта, но ако вашиот избор бидат некои од нискобуџетните компании, тука работите околу комфорот можат многу да се сменат.

Новите седишта се дизајнирани за да го зголемат капацитетот на патниците за 20 проценти, а цената на картите би била поевтина. За 50 % се полесни од сегашните седишта во економската класа, но се и поветини и полесно одржливи.

Употребата на ваквите седишта сè уште не е дозволена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот