Иџе не ја заврши втората трка во Монца

Одличен викенд за македонскиот автомобилист во „Имола“/ фото: acisport.it

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски-Иџе остана без поени на втората трка која се возеше во Монца во ТЦР шампионатот.
Иџе извозе само пет кругови по што го оштети својот автомобил и мораше да се откаже од трката.
Викендот во Монца, Иџе нема да го памети по добро бидејќи во вчерашната трка заработи казна од стјуардите и на крајот заврши на 14. позиција. Победник на денешната трка беше Џонатан Џакон, а место на подиумот обезбедија уште и Ерик Брилјадори и Салваторе Тавано.
Последните две трки од годинешниот шампионат ТЦР Италија ќе се возат меѓу 20 и 22 ноември на патеката Имола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот