Идеален тим на корона-идиоти: оргиите, забавите… поважни од здравјето

Правила за задолжителен карантин се чини дека не важат за дел од фудбалерите во Премиер лигата и еден од најголемите тренери на денешницата кои ги игнорираа препораките и одлуките на Владата

Коронавирусот ја стави на колена Велика Британија каде се заразени повеќе од 160.000 лица, од кои нешто повеќе од 21.000 се починати.

Британските власти донесоа строги мерки на изолација и држење на социјално растојание, забранија движење низ улиците освен за купување на основните намирници, но се чини дека тие правила не важат за дел од
фудбалерите во Премиер лигата и еден од најголемите тренери на денешницата кои ги игнорираа препораките и одлуките на Владата.

Весникот „Дејли меил“ направи тим од корона-одиоти кои со своето однесување ја згрозија англиската јавност.

Дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер, во време кога беше пикот на коронавирусот во Англија, организира оргии со две проститутки и пријател. Вокер беше откриен кога една од проститутките беше огорчена од неговата постапка, ги повика фановите да останат во карантин и да ја почитуваат потребата од социјално растојание.

Бекот на Арсенал, Давид Луиз, додека Владата нареди карантин, тој заедно со соиграчот Гранит Џака, излегоа да џогираат.

Фудбалерите на Тотенхем, Серж Орие, Муса Сисоко, Рајан Сесењон и Давинсон Санчез тренираа заедно во еден од парковите во Лондон со што го загрозија здравјето на најблиските.

Сензацијата од Астон Вила, Џек Грилиш, за кого се тепаат најголемите англиски екипи, во часот наутро во алкохолизирана состојба го искрши својот автомобил.

Фудбалерот на Арсенал, Николас Пепе заедно со пријателите играше мал фудбал во Лондон, додека неговиот соиграч Александре Лаказет за време на пикот на коронавирусот, го однесе својот автомобил на перење.

Капитен на оваа екипа на корона-идиоти е напаѓачот на Евертон, Моизе Кин бидејќи ја направи најголемата глупост. Кин организираше забава на која ги повика пријателите и неколку старлети и сето тоа го снимаше.

Тренер на екипата е Жозе Мурињо кој додека карантинот беше на сила организираше тренинг со дел од фудбалерите на Тотенхем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот