Фото: EPA-EFE/MICHELE MARAVIGLIA

Ибрахимовиќ: Модриќ не игра фудбал, тој е фудбал, погледнете ја оваа фотографија

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ зборуваше за Лука Модриќ и уште еднаш му оддаде признание за сè што хрватскиот ветеран постигнал во светот на фудбалот.

Иако има 40 години го предводи Милан во борбата за титулата во Серија А. Во моментов „росонерите“ се само бод зад лидерот на табелата.

Во последните денови во италијанскиот град Тренто се одржува Фестивалот на спортот, а Ибрахимовиќ беше еден од говорниците. Посебно внимание привлече неговата изјава за Модриќ:

„Модриќ е маестро. Кога тој влегува на теренот, тој не игра фудбал – тој е фудбал. Има одличен менталитет, кој го покажа по натпреварот меѓу Милан и Наполи. Погледнете ја оваа фотографија, таа говори сама за себе“, рече Ибрахимовиќ, посочувајќи на фотографијата од Модриќ како слави на колена по победата над Наполи.

На фотографијата се гледа како ветеран, кој освоил сè и стана најтрофејниот играч во историјата на Реал Мадрид, емотивно го прославува „обичниот“ триумф над Наполи. Иако сите играчи на Милан на теренот беа помалку трофејни од Модриќ, никој не ја покажуваше таквата страст и радост како хрватскиот фудбалер, уште еднаш демонстрирајќи врвен шампионски менталитет.

 

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот