И Во Нови Сад протест поради најавените мерки

Собирот почна во 21 часот, по обраќањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој соопшти за мерките.

Неколку десетици граѓани на Нови Сад вечерва протестираа во центарот на градот по најавата за воведување вонредна состојба во Белград, а можеби и во другите градови во Србија.

Граѓаните се собраа на плоштадот Република по повикот на социјалните мрежи.

Тие прошетаа до Плоштадот Слобода, каде се задржаа кусо време пред градското собрание, а потоа неколкумина отидоа во Градското собрание, каде што залепија налепници на кои пишуваше „лечи се”.

Демонстрантите потоа отидоа до просториите на Српската напредна партија во центарот на градот и исто така залепија налепници на постерите на претседателот на партијата Александар Вучиќ и градоначалникот Милош Вучевиќ.

Собирот почна во 21 часот, по обраќањето на претседателот на Србија Александар Вучиќ, кој соопшти за мерките.

Најавен е нов протест во Нови Сад за утре во 18 часот.

Белграѓани излегоа на протест и влегоа во Собранието, не сакаат полициски час (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот