Белграѓани излегоа на протест и влегоа во Собранието, не сакаат полициски час (ВИДЕО)
Вечерва поголема група граѓани на Белград излегоа пред српското Собрание, незадоволни од воведувањето на полициски час, дури и ја пробија вратата од парламентот и влегоа во зградата.
Стотици граѓани се собраа вечерва на раскрсницата на Таковска, Кнез Милош и булеварот Крал Александар поради најавата дека во петок повторно ќе биде воведен полициски час за да се сузбие ширењето на коронавирусот. Граѓаните го запреа сообраќајот пред платото на Народното Собрание на Србија.
Граѓаните извикуваат „Вучиќ крадецу“, „Оставки“ и тропаат со тенџериња. На протестот се појави полицијата, а граѓаните наизменично ги пропуштаат возилата. Тие ги повикуваат студентите да се соберат пред собранието и сите оние кои се загрижени за иднината на Србија.
Насобраните ги повикуваат граѓаните да им се придружат и уште вечерва да се пробие полицискиот час. Група демонстраните кои влегоа во Собранието, околу 22.30 часот излегоа од холот. Полицијата ги тепала со пендреци граѓаните кои биле во холот и на сила се извадени надвор, 10 минути по влегувањето.
Граѓаните извикувале „Одете на Косово“.