Хаварисано возило/ Фото: Општина Чаир

И улиците низ Чаир ќе се ослободуваат од хаварисани возила

Започна акција за евидентирање и отстранување на напуштени и оштетени возила што се вон употреба на територијата на Општина Чаир.

Од Општината ги замолуваат сопствениците на овие возила да ги отстранат во предвидениот рок, со цел да се избегнат понатамошни мерки согласно комуналниот ред.

Стотици автомобили кои со години заземале јавни површини, неподвижни и без функција, си заминуваат еден по еден. Ова ќе значи повеќе паркинг места за жителите, повеќе ред и поголема безбедност во нашите населби. Оваа акција носи поевтини паркинг места, полесна циркулација и почиста и уредена средина, напиша градоначалникот Изет Меџити на Фејсбук.

На хаварисаните возила веќе се залепени соопштенија од Општината до сопствениците на овие автомобили самите да ги отстранат во рок од неколку денови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот