Фото: Архива

И Стевче Јакимовски има амбиции да стане претседател, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со старо-новите ривали Пендаровски и Давкова

И партијата ГРОМ попладнево го соопшти својот кандидат за претседател, а тоа е Стевче Јакимовски, актуелниот градоначалник на Општина Карпош.  Одлуката беше соопштена по одржаната средба на Централниот одбор.

Попладнево и СДСМ соопштија дека на претстојните претседателски избори повторно ќе застанат зад Стево Пендаровски. Предлогот за Пендаровски во наредните денови ќе се најде и пред членовите на Централниот и на Извршниот одбор на СДСМ, а по најавените средби со коалициските партнери, е планирана и официјална конвенција за негова промоција на 3 март.

Гордана Силјановска Давкова, пак, ќе биде претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Таа, според извори во партијата, била единствена која се пријавила на огласот кој бил отворен до попладнево во 17 часот. Дали Силјановска по вторпат ќе влезе во претседателската трка, ќе се знае по партиската конвенција на 2 март, кога постои можност и друг кандидат да биде предложен од делегатите.

Демократската Унија за Интеграција (ДУИ) најави дека утре ќе го соопшти својот кандидат. Досега во јавноста се познати и кандидатурите на Арбен Таравари од албанскиот опозициски блок, Билјана Ванковска од Левица и Вело Марковски како независен кандидат.

Пендаровски ќе се трка за втор мандат, раководството на СДСМ попладнево му дало поддршка

 

Силјановска Давкова ќе биде кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот