И „Шеврон” замина од Венецуела

epa07501524 (FILE) - A file photo dated 04 April 2005 showing a Chevron station in the Hollywood section of Los Angeles (reissued 12 April 2019). Reports on 12 April 2019 state Chevron is to buy Anadarko Petroleum, a leading independent US producer in a 50 billion USD take-over deal that sees Chevron boost its US shale and natural gas operations in areas such as Gulf of Mexico. EPA-EFE/BRENDAN MCDERMID

Иако има многу нафта, економијата на Венецуела во изминатата деценија е во очајна ситуација, постојано има рестрикции на струја а народот преживува голема хуманитарна криза.

Администрацијата во САД и нареди на американската нафтена компанија „Шеврон” да запре со производството на нафта во Венецуела, јави денеска Си-Eн-Eн.

„Шеврон” работи во Венецуела со децении како и е единствената американска компанија присутна таму по санкциите на САД против државната нафтена компанијата на оваа земја (ПДСВА). Компанијата имаше ексклузивна лиценца на Министерството за финансии на САД да работи во Венецуела.

Како што јави телевизијата, ова можеби ќе има мало влијание на финансиското работење на „Шеврон”, но е критично за нафтената индустрија на Венецуела која е во колапс, иако земјата ги поседува најголемите докажани нафтени резерви во светот.

Иако има многу нафта, економијата на Венецуела во изминатата деценија е во очајна ситуација, постојано има рестрикции на струја а народот преживува голема хуманитарна криза.

Во изминатиот период, повеќе американски компании ја напуштија земјата. Меѓу нив се и „ЕксонМобајл„ и „КонокоФилипс”, кои заминаа откако поранешниот претседател Хуго Чавез ги национализираше нафтените полиња управувани од странски компании.

По огромни загуби во висина од 1.4 милијарди долари, во 2015 година од земјата замина и „Пепси ко”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот