Команден центар на иранската војска/Фото: EPA-EFE/IRANIAN ARMY MEDIA OFFICE HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

И покрај нападите, Иран не е пред колапс, проценува ЦИА

Доверлива анализа на ЦИА доставена до американската администрација покажува дека Иран може да ја издржи американската поморска блокада најмалку три до четири месеци пред да се соочи со посериозни економски последици, пишува „Вашингтон Пост“.

Според документот, Техеран и понатаму располага со околу 75 проценти од мобилните ракетни лансери и околу 70 проценти од ракетниот арсенал што го имал пред почетокот на војната, и покрај интензивните американски и израелски напади.

Американски разузнавачки извори тврдат дека Иран успеал повторно да ги отвори речиси сите подземни складишта, да поправи дел од оштетените ракети и дури да состави нови проектили кои биле речиси завршени пред почетокот на конфликтот.

Проценката на ЦИА значително се разликува од јавните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп, кој тврдеше дека иранските ракетни капацитети се „главно уништени“.

Иако американската блокада предизвикува сериозна економска штета, разузнавачката анализа наведува дека Иран и понатаму покажува голема издржливост. Според извештајот, Техеран складира дел од нафтата во танкери и разгледува алтернативни копнени рути за транспорт преку Централна Азија.

Американски функционери предупредуваат дека најголема закана за трговскиот сообраќај во Ормускиот Теснец и понатаму претставуваат евтините дронови, бидејќи е доволен само еден успешен напад за да се загрози поморскиот транспорт и осигурувањето на нафтените танкери.

Во анализата се наведува и дека Иран пред почетокот на војната имал околу 2.500 балистички ракети и илјадници дронови, а дел од тие капацитети и понатаму остануваат оперативни.

Дел од аналитичарите предупредуваат дека, и покрај воените успеси на САД и Израел, конфликтот би можел да заврши како стратешки неуспех доколку Иран успее да ги зачува режимот, ракетните капацитети и програмата за збогатување ураниум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот