Хуманитарниот концерт „Розов октомври“ е посветен за подигање на свеста за ракот на дојка

Во малата сала на НУ Филхармонија во Скопје на 16 октомври, со почеток во 19.30 часот, ќе се одржи хуманитарниот концерт со наслов „Розов октомври“.

Концертот е посветен за подигање на свеста за ракот на дојка и средствата од купените билети ќе бидат донирани директно до Здружението „Љубов сме – Jemi Dashuri“, за помош на жените кои се борат со оваа болест.

На концертот ќе бидат изведени дела од Лимос Диздари, Ѓон Симони, како и Клавирскиот концерт бр.1 во е-мол од полскиот композитор, познат како поетот на пијаното, Фредерик Шопен.

Делата ќе ги изведе камерен ансамбл во состав: Нита Груби – пијано, Блерта Ристани – виолина, Ера Цанај – виолина, Албана Кола – виола, Јона Бодинаку – чело и Александра Чуруковска – контрабас.

Концертот е поддржан од Министерството за култура и „Јуроп хаус Скопје“.

Билетот за концертот чини симболични 200 денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот