Хуманитарниот брод со 104 либански мигранти се уште бара безбедно засолниште

Мигранти / Фото: Архива

Хуманитарниот брод „Оушн Викинг” (Ocean Viking), на кој има 104 мигранти спасени во водите на Либија пред една недела, сè уште се обидува да најде безбедно засолниште за нив.

Бродот на француските хуманитарни организации „СОС Медитеран” и „Лекари без граници” бараше дозвола од Италија и Малта да се вкотви со мигрантите во некое од нивните пристаништа, но досега нема одговор.

Либија претходно му понуди на бродот да влезе во едно безбедно пристаниште, но СОС Медитеран одби, со образложение дека „ниту едно пристаниште во Либија не може да се смета за безбедно според меѓународните закони”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот