Hухиу: Не се согласувам со списокот за помилување на Маричиќ

Агим Нухиу и Бојан Маричиќ
Агим Нухиу и Бојан Маричиќ / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Заменик министерот за правда Агим Нухиу, во објава на Фејсбук се оградува од списокот за помилувања на осуденици потпишан од министерот Бојан Маричиќ, а кој треба да биде испратен кај претседателот Стево Пендаровски.

– Предлозите на Управите на затворите за помилување на одредени затвореници кои со своите криминализирани дела ги вознемируваа граѓаните и ги разнишаа темелите на државата, никогаш нема да ја добијат мојата поддршка и не треба да имаат поддршка ниту од ресорот за правда, напиша Нухиу.

Во своето денешно гостување во емисијата „Утрински брифинг“, Бојан Маричиќ изјави дека „министерот за правда не дава никакви помилувања“.

– Ова се специфични помилувања по повод Нова година и листите за делумно скратување на казната ја прават директорите на затворот и се проследува на разгледување. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог-листите се од затворите, а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, објасни тој.

Маричиќ за УБ: Ниедно спорно име нема да се најде на листите за помилување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот