Хрватските гинеколози не извршуваат абортус поради „приговор на совест“

Фото: Илустрација

Во последните три месеци за 25 отсто е зголемен бројот на Хрватките кои одат да извршат абортус во словенечкиот град Брежице, кој се наоѓа во близина на границата со Хрватска.

Причина за тоа е што 60 отсто од хрватските гинеколози одбиваат да ја прекинат бременоста на пациентките поради приговор на совеста., a според податоците на Центарот за едукација, советување и истражување (ЦЕСИ) тој процент во Словенија е три отсто, пренесува Индекс.

ЦЕСИ посочува дека тоа е и поради тоа што здравствените работници во Словенија се однесуваат со почит, респектирајќи го изборот на жените. Достапен е и медикаментозен абортус, со цена од 200 евра за странски државјанки. Во Словенија заминуваат и жени чија бременост е последица на силување, додека во Хрватска им е одбиен прекин на бременоста, на што според Законот имаат право. Исто така, во Хрватска жртвите на силување треба сами да си го платат абортусот.

Лекарите во Хрватска законски имаат право на т.н. „приговор на совеста“, односно право да одбијат да извршат абортус доколку тоа се противи на нивните морални убедувања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот