Зоран Милановиќ / Фото EPA-EFE/MARTIAL TREZZINI

Хрватскиот претседател одби да му даде акредитиви на новиот амбасадор на Израел

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ одби да даде согласност за предложениот израелски амбасадор Нисан Амдур поради „актуелната политика на израелските власти“, соопшти денеска неговиот кабинет, пренесе  „Тајмс оф Израел“.

Милановиќ е остар критичар на израелската воена кампања во Појасот Газа, која ја нарече геноцид, како и на американско-израелските напади врз Иран, потсетува Хина.

„Со оглед на постапувањето на израелската страна, Кабинетот на претседателот на Републиката потврдува дека предложениот амбасадор на Државата Израел не доби, ниту ќе добие согласност од претседателот Зоран Милановиќ, и тоа поради политиката на актуелните израелски власти“, се наведува во соопштението.

Се додава дека давањето согласност е суверено право на Хрватска и дека никакви јавни или политички притисоци нема да ја променат одлуката.

Амдур, кој беше одобрен како замена за сегашниот амбасадор Гари Корен, ќе пристигне во Хрватска на крајот на мај како вршител на работи, позиција за која не е потребно одобрение од претседателот, објави претходно  (Times of Israel), нарекувајќи го Милановиќ „антиизраелски“ политичар.

Израелскиот портал „Инет“ (Ynet) пишува дека ова е првпат хрватски претседател да одбие странски амбасадор, оценувајќи го тоа како „сериозно кршење на дипломатскиот протокол“.

Од кабинетот на Милановиќ возвратија дека Израел го прекршил непишаното правило со тоа што јавно го објавил името на предложениот амбасадор пред тој да добие официјална согласност од земјата-домаќин. Претходно, во март, актуелниот амбасадор Корен беше повикан на разговор на Пантовчак поради неговите изјави во кои го повика Загреб да ги прекине дипломатските односи со Техеран.

Израел ги скара претседателот и премиерот на Хрватска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот