Хрватски научник пренесе важно истражување: Овие фактори го зголемуваат ризикот од смрт од коронавирусот

Хрватскиот научник Гордан Лауц утринава на Фејсбук сподели резултати од истражувања за факторите кои го зголемуваат ризикот од смртта кај лицата заразени со коронавирусот.

Лауц навел како истражувањето настанало на темелите на анализа на 5.683 смртни случаи во болниците во Велика Британија. Тој напоменува дека истражувањето се уште не поминало научна рецензија, но пренел некои информации од него кои тој верува дека нема да се променат, а ги смета од општ интерес.

Фактори на ризик

1.Староста е далеку најголем фактор за ризик за смрт од Ковид-19. Ако завршите во болница заради тежок облик на Ковид-19 и имате помалку од 40 години, речиси сигурно ќе оздравите, ако имате помалку од 70 години, исто така имате одлични шанси. Над 70 години ризикот расте и кај оние преку 80 тој станува значаен. Случаите на млади луѓе кои умреле се отстапки, кои се медиумски атрактивни, но не треба да се сметаат за правило.

2. Друг најголем фактор на ризик е пол, жените имаат за половина намалена смртност од мажите. Тука не можеме многу да направиме, но жените обично повеќе се грижат, па мислиме дека тоа е многу важна информација.

3. Прекумерната тежина е исклучително голем фактор на ризик и кај оние што имаат многу поголема тежина има поголемо влијание од полот.

4. Дијабетес, посебно неконтролираниот е значаен фактор на ризик, но помалку од годините, што значи дека помладите дијабетичари и не се многу ризична група.

5. За разлика од почетните информации од Кина, високиот крвен притисок не се покажа како фактор на ризик. Бидејќи ова е далеку поголема студија од кинеската, мислам дека можеме да и веруваме и лицата со висок крвен притисок не се сметаат за ризична група.

6. Од сите други болести, единствено лицата со трансплантација имале значајно поголем ризик. Се останато (тумор, болести со воспаленија, автоимуни болести), персоналот ги ставале во категорија на ризик на здрави лица кои се постари неколку години, така што тоа не би требало да биде причина за страв за нив лично, или членовите на фамилијата кои се грижат да не ги заразат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот