Млади фанови на Томпсон на концертот во Осиек / Фото: Фејсбук / Marko Perković Thompson

Хрватска: Ученици добиле петки по Музичко зашто му биле на концерт на неоусташот Томпсон

Читател на хрватскиот портал „Телеграм“ испратил информација дека дел од учениците во Првата гимназија во Осиек се наградени со петки по предметот Музичко образование, откако биле на концертите на контроверзниот музичар Марко Перковиќ Томпсон, иконата на хрватските екстремни десничари и поддржувач на усташите и злосторничката Независна држава Хрватска (НДХ) од времето на Втората светска војна.

Директорот на гимназијата потврдил за „Телеграм“ дека Педагошката служба ги проверила оценките и белешките на сите наставници и дека на 28 декември, оценката „одличен (5)“ била внесена во дневникот за некои ученици со забелешка: „концертно искуство“.

Порталот побарал одговори и од професорите по предметот во гимназијата, но тие не биле достапни поради распустот. Објаснување и разјаснување за случајот е најавено по неколку недели, кога ќе продолжи учебната година.

„Бидејќи таа недела немаше други значајни музички настани, освен концертите на Томпсон, ќе биде интересно да се слушнат објаснувањата на професорката по музичко образование за критериумите за оценувањето“, пишува „Телеграм“.

Австријците кои присуствуваа на концертот на Томпсон во Загреб почнаа да добиваат казни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот