Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Хрватска го направи првиот чекор за изградба на нуклеарна електрана

Нацрт-предлог законот за примена на нуклеарната енергија за цивилни цели е пуштен во јавна расправа во Хрватска.

Овој предлог, изработен од работна група експерти од оваа област, претставува прв посериозен правен чекор во долготрајниот процес на изградба на првата нуклеарна електрана на хрватска територија, објави хрватски „Јутарњи“.

Хрватска ќе одлага радиоактивен отпад на границата со БиХ – локацијата е до извори од кои вода пијат 250.000 луѓе

Хрватскиот министер за економија Анте Шушњар во изминатите месеци честопати настапува во јавноста со идејата Хрватска да изгради сопствена нуклеарна електрана. Според него, новите геополитички околности и трендовите на напуштање на фосилните горива ја зголемуваат потребата за огромни количини електрична енергија.

Шушњар смета дека нуклеарната енергија на државата би му донела стабилност на електроенергетскиот систем и би придонело за намалување на емисиите на штетни гасови.

Хрватска може да изгради сопствена нуклеарна централа, да се потпре на низа мали нуклеарни реактори или, пак, заедно со Словенија да го гради вториот блок на нуклеарната централа во Кршко.

Во план е до 2040 година една третина од електричната енергија во Хрватска да доаѓа од нуклеарни извори.

Како потенцијални локации најчесто се споменуваат две места кои и порано биле разгледувани, Танја кај Ердут и Превлака кај Иваниќ-Град.

Знаете ли колку нуклеарни централи беа планирани да се изградат во 80-тите во Хрватска и Словенија?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот