Хрватка уапсена во Германија, со лажни босански документи се обидела да влезе во земјата

Фото: EPA/EFE / Filip Singer

Германската полиција на граничниот премин кај Киферсфелден во Баварија, недалеку од Розенхајм, фатила 28-годишна Хрватка која се обидела да ја помине границата со лажни документи. Откако била приведена, било откриено дека полицијата во Германија ја барала за низа кривични дела.

Според германската полиција, 28-годишната жена на граничната полиција и покажала лажен босански пасош. Според соопштението, полицијата забележала дека лицето на фотографијата од пасошот не одговара на патникот во автобусот.

„Хрватката многу добро знаеше дека државните правобранители во Дуизбург, Дизелдорф и Минстер се заинтересирани за нејзината локација. 28-годишната е поврзана со повеќе случаи на грабежи и кражби како дел од тековните истраги. На граничната контрола на А93 кај Киферсфелден, жената која патувала во словачки автобус го покажала пасошот од БиХ“, се вели во соопштението на германската полиција.

По проверка на отпечатоците од прстите, било потврдено дека 28-годишната всушност е државјанка на Хрватска. „Полицијата во Розенхајм ја пријавила за злоупотреба на личната карта и по наредба на судот е одведена во притворниот центар Ајхах за да спроведе истраги“, соопшти германската полиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот