Хрват утрово си ги убил мајката и бабата – едната жена ја фрлил во септичка јама

Препорачано
Едно од телата било пронајдено во празна септичка јама во дворот на семејната куќа, поради што во извлекувањето морале да помагаат пожарникари.
Полицијата добила пријава за инцидентот околу 5:50 часот утрово. Во дворот на семејната куќа биле пронајдени две безживотни тела на жени, а на местото на настанот бил пронајден и уапсен еден маж, кој е поврзан со убиството.
Според претходно објавените информации, 47-годишниот маж до смрт ги претепал мајка си и баба си.
„Станува збор за двојно убиство. Истрагата е во тек, но можеме да кажеме дека станува збор за лице со ментални нарушувања кое веќе е лекувано неколку пати на барање на здравствениот персонал за време на сместувањето во психијатриска установа“, рече министерот за внатрешни работи Давор Божиновиќ.
Тој додаде дека засега нема информации дека претходно имало семејно насилство.
Случајот повторно ја отвора чувствителната тема за тоа колку системот навреме препознава ризик кога станува збор за лица со претходни полициски интервенции и можни психички нарушувања.
Мајка и татко од Австрија се осудени на доживотен затвор – до смрт го мачеле тригодишното дете


