Хрват им го скршил телевизорот и „Плејстејшнот“ на внуците, многу вревеле

Фото: илустрација / Јутјуб / принтскрин

37-годишен Хрват е прогласен за виновен откако ја скршил вратата од влезот на неговиот брат, а потоа и телевизорот и конзолата „Плејстејшн“ на неговите внуци, во напад на бес.

Инцидентот се случил во март, кога во куќата во Загреб, во која живеат двете семејства, децата играле „Плејстејшн“, а на нивниот чичко му пречела вревата што ја правеле, бидејќи сакал да спие, пишува „Даница.хр“.

Судот констатира дека чичкото извршил психичко насилство врз внуките, стари 18 и 16 години, и 11-годишниот внук.

„Тој дошол во станот во кој живеат со неговиот татко, кој во моментот не бил дома, и ја скршил влезната врата, влегол во внатрешноста каде го скршил телевизорот во дневната соба и конзолата „Сони Плејстејшн“, пишува во пресудата.

„Неговите внуци почувствувале страв и вознемиреност, поради што извршил психичко насилство во семејството на штета на децата, при што сторил прекршок по Законот за заштита од семејно насилство“, заклучи судијата.

На осудениот загрепчанец му е изречена условна затворска казна во траење од 45 дена и заштитна мерка забрана за вознемирување на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот